Длабоко нуркање до -225m во Храницка Пропаст, Чешка

Полскиот спелеонуркач Криштов Старнавски на 01 октомври 2012 достигна длабочина од 225m во најдлабоката пештера во Чешка, хидротермалната Храницка Пропаст (Hranická Propast). На длабочина од -217m е извршено мерење на длабочината, при што е измерена длабочина до 373 m, со што вкупната длабочина на пропаста достигна 442.5m (од кои 373m … Повеќе

Летот на повеќе од 20 милиони пештерски лилјаци во живо на интернет!

Во раните утрински часови на 19 септември, од 01:00 до 02:30 часот по наше време (07-08:30 EDT) на интернет страната на BatsLIVE ќе можете во живо да го следите излегувањето на лилјаците од пештерата Бракен (Bracken Bat Cave), која се наоѓа во близина на Сан Антонио, Тексас, САД. Пештерата Бракен … Повеќе

Астронаути во пештерите на Сардинија!

Астронаутите Мајк Финк, Ендрју Фjустел (NASA), Андреас Моgенсен (ESA), Николај Тиконов (Roscosmos), Соичи Ногучи (JAXA) и Дејвид Сан-Жак (CSA) како дел од проектот CAVES 2012 (Cooperative Adventure for Valuing and Exercising human behavior and performance Skills), ќе престојуваат 6 дена во пештерите на Супрамонте во Сардинија почнувајќи од 07 септември. … Повеќе

Спелеонуркачка експедиција ВРЕЛО 2012

Во периодот јули-август 2012 година, во организација на Спелеонуркачкиот клуб Врело од Скопје, се одржа спелеонуркачката експедиција ВРЕЛО 2012. Целта на експедицијата беше да се достигнат нови длабочини и да се откријат нови канали во подводната пештера Врело (Коритиште), која се наоѓа во кањонот Матка. Пештерата Врело (Коритиште) е всушност … Повеќе

НОВО: Достигната длабочина од -1830m во Пештерата Сарма

Според информациите од Павел Рудко, член на руската експедиција во втората најдлабока пештера во светот, пештерата Сарма, со новите истражувања во пештерата е достигната длабочина од -1830m. Повеќе

Petzl совети за заштита на вашата опрема

Со цел да помогне во продолжувањето на животниот век на вашата опрема, Petzl објави информативно PDF. Текстот насловен “Tips for protecting your equipment“ има 22 страни на кои се претставени совети за заштита на вашата опрема. Меѓу советите има такви како на пр. да не ја миете опремата со силен … Повеќе

Достигната длабочина од -2197m во Крубера!

Најдлабоката пештера во светот Крубера (Вороња), која се наоѓа на масивот Арабика, Западен Кавказ, стана подлабока за 6 m откако на 10 август 2012 Украинскиот спелеонуркач Генадиj Самохин нуркаше во терминалниот сифон во главниот канал со што стигна до длабочина од-2197m. Повеќе

Постојнска Јама веќе не е најдолга пештера во Словенија

Словенечките спелеолози од JSPT (Jamarska sekcija planinskega društva Tolmin) и англиските спелеолози од ICCC (Imperial Colledge Caving Club) за време на експедицијата “Sledi Vetra 2012” успеаа да ја поврзат пештерата Вртнарија со системот Миговец. Со тоа пештерскиот систем Миговец станува најдолгата пештера во Словенија со вкупна должина од 24.9 km … Повеќе

Откриени нови пештери во долината на Црна Река

Членовите на СК Златоврв: Марјан Темовски, Марио Андоноски, Дарко Неданоски и Благоја Велкоски, во периодот од 18 до 21 јули 2012 г. го истражуваа теренот во месноста Подот, во долината на Црна Река помеѓу мариовските села Врпско и Гуѓаково. Истражувањето е продолжение на претходните спелеолошки истражувања на СК Златоврв во … Повеќе

Истражени нови канали во пештерата Чулејца, Тиквешко Езеро

Пештерата Чулејца, позната и како Партизанска Пештера, во периодот од 01 до 03 јуни беше истажувана од членовите на СК Златоврв – Прилеп. Спелеолозите Марјан Темовски, Дарко Неданоски и Марио Андоноски престојуваа три дена во пештерата, при што детално беа скицирани канали во должина од 503m, и длабочина до -67m, … Повеќе