Достигната длабочина од -2197m во Крубера!

Најдлабоката пештера во светот Крубера (Вороња), која се наоѓа на масивот Арабика, Западен Кавказ, стана подлабока за 6 m откако на 10 август 2012 Украинскиот спелеонуркач Генадиj Самохин нуркаше во терминалниот сифон во главниот канал со што стигна до длабочина од-2197m.

Меѓународната експедиција во Крубера која вклучува 50 спелеолози од 11 држави е во состав на проектот “Повикот на пропаста” (Call of the Abyss) на Украинската Спелеолошка Федерација, проект започнат во 2000 година.

Профил на Крубера:

План на Крубера:

извор:
Speleogenesis.info

Tagged , , , . Bookmark the permalink.

Comments are closed.