За спелео.мк

 

СПЕЛЕО.мк претставува интернет спелеолошки информатор наменет првенствено за спелеолошката фела во Македонија, но и за пошироката јавност.

 

Содржините кои се објавуваат на СПЕЛЕО.мк се однесуваат на карстот и пештерите во Македонија и во светот. Се објавуваат информации за најновите спелеолошките случувања во Македонија и светот, како и научни информации и достигнувања од областа на карстологијата и спелеологијата.

 

СПЕЛЕО.мк нуди и разни корисни линкови и информации за македонските спелеолошки клубови, светски спелеолошки информации, списанија и интернет страници.

 

СПЕЛЕО.мк воедно е и сервер за првото спелеолошко списание во Македонија: МАКЕДОНСКО СПЕЛЕОЛОШКО СПИСАНИЕ, каде се објавуваат истражувачки, стручни и научни трудови за карстот и пештерите.

 

Comments are closed.