Најголемите пештери во Македонија

Изминатите години низ медиумите кружат некои статии за пештерите во Македонија, низ кои можат да се сретнат и информации за најголемите пештери кај нас. Нажалост, во сите тие статии стојат грешни информации, односно податоците кои се дадени се стари и не се земени во предвид резултатите од спелеолошките истражувања во … Повеќе

Петдневен камп за истражување на подводната пештера Врело

Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ од Скопје, во периодот од 27 до 31 јули ќе организира камп за истражување на подводната пештера Врело (извор Коритиште). Кампот ќе биде сместен во базата на клубот, непосредно до влезот во подводната пештера. Активностите ќе се состојат од: Подготовка на влезот на подводната пештера и околината … Повеќе

Спелеолошка експедиција „Северен Велебит“ во Хрватска

Дарко Неданоски од Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ – Прилеп ќе учествува во спелеолошката експедиција „Северен Велебит“ во Хрватска, која од 23.7-6.8.2016 г. ќе се одржи во организација на Спелеолошкиот отсек на П.Д.С. „Велебит“ и Спелеолошкото друштво „Велебит“ од Загреб, во соработка со Комисијата за спелеологија при Хрватскиот планинарски сојуз и Загребскиот … Повеќе

Спелеолошки собир „Мариово“

Викендот меѓу 13-ти и 15-ти мај 2016 се одржа спелеолошки собир во манастирот Св. Илија, с.Мелница, Мариово, по долго време прво собирање на спелеолозите од Македонија. Собирот беше во организација на Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ – Прилеп, чија мотивација за организирање на ваков настан, покрај желбата да ги собере македонските спелеолози … Повеќе

Од спелео кампот на Галичица

Во периодот од 04 до 09 август 2015, на планината Галичица се одржа првиот спелеолошки камп „Галичица“. Кампот беше во организација на СК „Златоврв“ – Прилеп и Bottom Time – Охрид. Целта на кампот беше да се потврдат познатите информации за пештерите на Галичица, да се откријат нови канали во … Повеќе

Во подготовка – Спелеолошки камп на Галичица!

Екипата на Bottom Time од Охрид во соработка со Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ – Прилеп е во подготовка на спелеолошки камп на Галичица кој ќе се одржува во периодот меѓу 4 и 9 август. Како дел од подготовките изминатата недела беа посетени некои од пештерите на западната падина на Галичица, како … Повеќе

9-ти Балкански спелеолошки камп (16-22.11.2015), Хрватска

Објавен е првиот билтен за 9-от Балкански спелеолошки камп (БСК), кој оваа година ќе се одржи во околината на Огулин, Хрватска. Првичните информации се однесуваат на: датум: од 16 до 22 ноември место: околината на Огулин, Хрватска сместување: опција А: камп – цена од 7 евра/ден опција Б: повеќекреветни соби … Повеќе

23-та Меѓународна карстолошка школа „Класичен Карст“ и 50 години Меѓународна спелеолошка унија

Во периодот од 15 до 20 јуни 2015 година, во Постојна, Словенија, традиционално, веќе по 23-ти пат се одржа меѓународната карстолошка школа „Класичен Карст“ (International Karstological School “Classical Karst”). Карстолошката школа во Постојна претставува научна конференција, во организација на Институтот за проучување на карстот (IZRK ZRC SAZU) од Постојна, која … Повеќе

Длабоко нуркање до -225m во Храницка Пропаст, Чешка

Полскиот спелеонуркач Криштов Старнавски на 01 октомври 2012 достигна длабочина од 225m во најдлабоката пештера во Чешка, хидротермалната Храницка Пропаст (Hranická Propast). На длабочина од -217m е извршено мерење на длабочината, при што е измерена длабочина до 373 m, со што вкупната длабочина на пропаста достигна 442.5m (од кои 373m … Повеќе

Летот на повеќе од 20 милиони пештерски лилјаци во живо на интернет!

Во раните утрински часови на 19 септември, од 01:00 до 02:30 часот по наше време (07-08:30 EDT) на интернет страната на BatsLIVE ќе можете во живо да го следите излегувањето на лилјаците од пештерата Бракен (Bracken Bat Cave), која се наоѓа во близина на Сан Антонио, Тексас, САД. Пештерата Бракен … Повеќе