9-ти Балкански спелеолошки камп (16-22.11.2015), Хрватска

Објавен е првиот билтен за 9-от Балкански спелеолошки камп (БСК), кој оваа година ќе се одржи во околината на Огулин, Хрватска.

Првичните информации се однесуваат на:

  • датум: од 16 до 22 ноември
  • место: околината на Огулин, Хрватска
  • сместување:
    • опција А: камп – цена од 7 евра/ден
    • опција Б: повеќекреветни соби – цена 14 евра/ден
  • котизација за учество: 7 евра (која вклучува и учество на собирите на Балканската спелеолошка унија – БСУ и хрватските спелеолози на 20 и 21 ноември)
  • Прелиминарна програма на активности:
    • Нед./15.11 – пристигнување на учесниците
    • Пон./16.11 – Спелеолошка акција бр. 1
    • Вто./17.11 – Спелеолошка акција бр. 2
    • Сре./18.11 – Спелеолошка акција бр. 3
    • Чет./19.11 – Спелеолошка акција бр. 4
    • Пет./20.11 – БСУ собир и спелеолошка акција бр. 5
    • Саб./21.11 – Учество на годишниот собир на хрватските спелеолози (предавања и презентации во текот на денот и спелеолошка забава вечерта)
    • Нед./22.11 – заминување на учесниците

Првиот билтен може да се најде на следниот ЛИНК.

ФБ настан за 9-от Балкански спелеолошкиот камп.
И-мејл за регистрација и додатни информации: bsucroatia@gmail.com

Балканскиот спелеолошки камп (БСК) е значаен спелеолоши настан на Балканот, под покровителство на Балканската спелеолошка унија (БСУ), чија организација се ротира меѓу балканските држави. Првиот БСК се одржа во Бугарија (2007 година), додека вториот, третиот и четвртиот беа во Грција (2008), Турција (2009) и Романија (2010). Петтиот камп се одржа во Порече, Македонија (2011 година), во организација на Македонската Спелеолошка Федерација и ИД Урсус Спелеос, додека наредните беа во Словенија (2012), Црна Гора (2013) и Србија (2014).

Tagged , , . Bookmark the permalink.

Comments are closed.