Најголемите пештери во Македонија

Изминатите години низ медиумите кружат некои статии за пештерите во Македонија, низ кои можат да се сретнат и информации за најголемите пештери кај нас. Нажалост, во сите тие статии стојат грешни информации, односно податоците кои се дадени се стари и не се земени во предвид резултатите од спелеолошките истражувања во … Повеќе

Петдневен камп за истражување на подводната пештера Врело

Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ од Скопје, во периодот од 27 до 31 јули ќе организира камп за истражување на подводната пештера Врело (извор Коритиште). Кампот ќе биде сместен во базата на клубот, непосредно до влезот во подводната пештера. Активностите ќе се состојат од: Подготовка на влезот на подводната пештера и околината … Повеќе

Од спелео кампот на Галичица

Во периодот од 04 до 09 август 2015, на планината Галичица се одржа првиот спелеолошки камп „Галичица“. Кампот беше во организација на СК „Златоврв“ – Прилеп и Bottom Time – Охрид. Целта на кампот беше да се потврдат познатите информации за пештерите на Галичица, да се откријат нови канали во … Повеќе

Во подготовка – Спелеолошки камп на Галичица!

Екипата на Bottom Time од Охрид во соработка со Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ – Прилеп е во подготовка на спелеолошки камп на Галичица кој ќе се одржува во периодот меѓу 4 и 9 август. Како дел од подготовките изминатата недела беа посетени некои од пештерите на западната падина на Галичица, како … Повеќе

Соработка на спелеолози од СК Златоврв – Прилеп и Bottom Time – Охрид

Спелелолози од Спелеолошкиот клуб Златоврв – Прилеп и од Bottom Time – Охрид, изминатиот викенд на западните падини на Галичица вршеа спелеолошко истражување и тренинг/обука на спелеолошки техники. Во околината на с.Трпејца првично беше истражувана ново откриена пештера – Роденденска Пештера, а на брегот на Охридското Езеро беше изведена вежба … Повеќе

Спелеонуркачка експедиција ВРЕЛО 2012

Во периодот јули-август 2012 година, во организација на Спелеонуркачкиот клуб Врело од Скопје, се одржа спелеонуркачката експедиција ВРЕЛО 2012. Целта на експедицијата беше да се достигнат нови длабочини и да се откријат нови канали во подводната пештера Врело (Коритиште), која се наоѓа во кањонот Матка. Пештерата Врело (Коритиште) е всушност … Повеќе

Откриени нови пештери во долината на Црна Река

Членовите на СК Златоврв: Марјан Темовски, Марио Андоноски, Дарко Неданоски и Благоја Велкоски, во периодот од 18 до 21 јули 2012 г. го истражуваа теренот во месноста Подот, во долината на Црна Река помеѓу мариовските села Врпско и Гуѓаково. Истражувањето е продолжение на претходните спелеолошки истражувања на СК Златоврв во … Повеќе

Истражени нови канали во пештерата Чулејца, Тиквешко Езеро

Пештерата Чулејца, позната и како Партизанска Пештера, во периодот од 01 до 03 јуни беше истажувана од членовите на СК Златоврв – Прилеп. Спелеолозите Марјан Темовски, Дарко Неданоски и Марио Андоноски престојуваа три дена во пештерата, при што детално беа скицирани канали во должина од 503m, и длабочина до -67m, … Повеќе