Спелеонуркачка експедиција ВРЕЛО 2012

Во периодот јули-август 2012 година, во организација на Спелеонуркачкиот клуб Врело од Скопје, се одржа спелеонуркачката експедиција ВРЕЛО 2012.

Целта на експедицијата беше да се достигнат нови длабочини и да се откријат нови канали во подводната пештера Врело (Коритиште), која се наоѓа во кањонот Матка.

Пештерата Врело (Коритиште) е всушност изворска пештера во која со експедицијата од 2010 се достигна длабочина од -212m. Специфичноста на пештерата е во тоа што најпрво треба да се нурка во скоро хоризонтален канал во должина од околу 450m, пред да се стигне до вертикалата која се спушта до -212m.

Главни протагонисти на експедицијата беа познатите спелеонуркачки Марк Вандермулен, Роже Косимус и Томас Шуберт од Белгија и италјанските спелеонуркачки Луиџи Касати и Алесандро Фантини.

Македонскиот тим го сочинуваа:
Киро Ангелески
Бојан Петковски
Данчо Ѓорѓиевски
Бојан Ангелески
Александар Булевски
Александар Ацев
Даниел Атанасовски
Ѓорѓи Трпески
Никола Паскали
Васил Соколов

Белгијската екипа беше дојдена уште од јули и до доаѓањето на италјанците веќе работеше на средување на смерот до 100m, при што беше откриен и спореден канал, сега наречен “Wafel’s junction” со кој се избегнува спуштањето до -35m после салата Пеони, и се оди директно до “Green card Gallery”.

И покрај неколкуте малери кои ја пратеа истражувачката екипа како на пр. оштетувањето на неопренот на Џиџи, сепак позитивниот дух е водечки особено по пристигнувањето на главата од ребридерот на Џиџи (благодарение на Киро).

Во меѓувреме Роже, Томас и Марк, ги чистат старите смерови, фотографираат и ја проверуваат пештерата до почетокот на вертикалата.

Скица на Врело со новите резултати (црвено)

На 28 јули, повторно малер: Марк има дефект со блицот, додека пак на Џиџи му имплодира светлото на длабочина од -135m.

После малите поправки на опремата, на 30 јули конечно нешто ново во Врело. Џиџи нурка во страничниот канал на -130m и нурка до длабочина од -156m каде се наоѓа нова сала и можно продолжување на пештерата. Марк го документира нуркањето, а Бојан (Петковски) и Роже му помагаат со декомпресијата.

Како резултат на големата количина на вода испуштена од Св.Петка, планираното нуркање за 01 август не може да се случи и се одложува за следниот ден.

На 02 август е посленото нуркање за време на експедицијата, при што Џиџи ја истражува новата сала до длабочина -165m. Бојан, Данчо и Алесандро му помагаат со декомпресијата и со изнесувањето на преостанатата опрема од пештерата.

На 03 август се одржа пресконфереција со градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, по што се затвори овогоинашната експедиција во Врело.

Достигнатите резултати укажуваат на тоа дека Врело е доста сложена пештера во која може да се очекуваат нови возбудувања следната година.

Линкови:
http://www.prometeoricerche.eu/
http://www.matka-vrelo.com.mk/

Подготвил:
Марјан Темовски

Tagged , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Your email address will not be published.