23-та Меѓународна карстолошка школа „Класичен Карст“ и 50 години Меѓународна спелеолошка унија

Во периодот од 15 до 20 јуни 2015 година, во Постојна, Словенија, традиционално, веќе по 23-ти пат се одржа меѓународната карстолошка школа „Класичен Карст“ (International Karstological School “Classical Karst”).

Карстолошката школа во Постојна претставува научна конференција, во организација на Институтот за проучување на карстот (IZRK ZRC SAZU) од Постојна, која вклучува научни излагања и постер презентации пропратени со екскурзии низ т.н. Класичен Карст во Словенија и е еден од најзначајните карстолошки настани во светот.

Оваа година темата на карстолошката школа беше „Пештери – истражување и проучување“ (Caves – exploration and studies). На конференцијата учествуваа повеќе од 200 учесници од над 20 држави од Европа, Азија, Африка, Северна и Јужна Америка и Австралија.

50 години UIS

Петокот, 20-ти јуни, беше посветен на 50 годишнината од основањето на Меѓународната спелеолошка унија (Union Internationale de Spéléologie – UIS). UIS е основата во 1965 година, за време на 4-от Меѓународен спелеолошки конгрес (International Congress of Speleology), со свечена академија во Концертната Сала (Koncertna Dvorana) во Постојнска Јама. Во чест на 50 годишнината беше организирана свечена академија во Постојнска Јама, под покровителство на претседателот на Р. Словенија, а пред влезот на пештерата беше направена групна фотографија на сите учесници на конференцијата и прославата на UIS.

50 години UIS

На карстолошката школа учествуваа и двајца претставници од Македонија, Марјан Темовски од Спелолошкиот клуб „Златоврв“ – Прилеп и Билјана Гичевски од Истражувачкото друштво „Урсус Спелеос“ – Скопје.

Марјан ТемовскиМарјан Темовски се претстави со предавање насловено:
STUDY OF CAVE SEDIMENTS IN BUDIMIRICA CAVE, MACEDONIA – CORRELATION TO LATE PLEISTOCENE ENVIRONMENTAL CHANGES,
во коавторство со Pavel Bosak, Petr Pruner и Helena Hercman.

Билјана ГичевскиБилјана Гичевски се претстави со постер презентација насловена:
INTERPRETING GROUNDWATER CHARACTER FROM FLOOD PULSES AND ARTIFICIAL TRACER TEST – A CASE STUDY OF THE SLATINSKI IZVOR SPRING (MACEDONIA),
во коавторство со Metka Petrič и Janja Kogovšek.

Повеќе фотографии ќе најдете на ФБ страната на IZRK ZRC SAZU.

Tagged , , , , , . Bookmark the permalink.

Comments are closed.