Длабоко нуркање до -225m во Храницка Пропаст, Чешка

Полскиот спелеонуркач Криштов Старнавски на 01 октомври 2012 достигна длабочина од 225m во најдлабоката пештера во Чешка, хидротермалната Храницка Пропаст (Hranická Propast). На длабочина од -217m е извршено мерење на длабочината, при што е измерена длабочина до 373 m, со што вкупната длабочина на пропаста достигна 442.5m (од кои 373m се под вода). По мерењето Криштов се спуштил на длабочина од 225m, каде се задржал 6 минути.

Вкупно време под вода: 8 часа и 45 минути.

Со тоа подводниот дел од 373m ја прави Храницка Пропаст втората по длабочина подводна пештера во светот. Најдлабоката подводна пештера е Поцо дел Меро (Pozzo del Merro) во Италија со длабочина од 392m.

Влезниот дел и скицата на Храницка Пропаст:

 

Видео од експедицијата:

 

повеќе информации за Храницка Пропаст на:
http://hranickapropast.cz

Tagged , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Your email address will not be published.