Спелеонуркачко истражување на пештерата Бела Вода, Демир Капија

Кон крајот на септември беше извршено спелеонуркачко истражување на терминалниот сифон во пештерата Бела Вода, Демир Капија, во обид да се помине сифонот и да се откријат нови канали во пештерата.

Во истражувањето логистички беа вклучени спелеолози од Спелеолошкиот клуб “Саламандер” од Штип и Спелеолошкиот клуб “Златоврв” од Прилеп, а главното истражување го вршеше спелеонуркачот Данчо Ѓорѓиевски од Спелеонуркачкиот клуб Врело од Скопје.

За време на истражувањето беше извршено едно нуркање, при кое Данчо се спушти на длабочина од 24m од нивото на езерото, или вкупно -33m од почетокот на сифонот, а на ниво на езерото откри тесен страничен канал.

Резултатите од истражувањето укажуваат на добар потенцијал за понатамошни истражувања и се очекува наредната година да се продолжи со поголема спелеолошка акција.

Пештерата Бела Вода се наоѓа во Демиркаписката Клисура и се состои од два пештерски канали (долен или главен и горен канал) со вкупна должина од 950m завршувајќи со сифон на крајот од главниот пештерски канал. Пештерата за прв пат е истражувана во педесеттите години од Душан Манаковиќ заедно со повеќе помали пештери во Демиркаписката Клисура (Манаковиќ, 1957).

 

Надолжен профил од Бела Вода (Манаковиќ, 1957):

Првично спелеонуркачко истражувања во Бела Вода беше извршено во јуни месец, кога спелеонуркачите Бојан Петковски и Данчо Ѓеорѓиевски од СК Врело – Скопје во соработка со спелеолозите од СК Саламандер – Штип за прв пат нуркаа во терминалниот сифон на Бела Вода.

Видео на Бојан Петковски од првичното спелеонуркачко истражување:

 

Литература:
Манаковиќ Д. (1957) Пећине у Демир Капији, Зборник радова САН, књ. LVII, Географски институт, књ.13, стр. 77-93, Београд

Подготвил:
Марјан Темовски

Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Your email address will not be published.