Постојнска Јама веќе не е најдолга пештера во Словенија

Словенечките спелеолози од JSPT (Jamarska sekcija planinskega društva Tolmin) и англиските спелеолози од ICCC (Imperial Colledge Caving Club) за време на експедицијата “Sledi Vetra 2012” успеаа да ја поврзат пештерата Вртнарија со системот Миговец.

Со тоа пештерскиот систем Миговец станува најдолгата пештера во Словенија со вкупна должина од 24.9 km и длабочина од 975 m, додека со должина од 20,57 km Постојнска Јама e втора по должина.

Поврзувањето било направено при последниот обид за време на експедицијата, кога во Вртнарија бил искачен оџакот Apolo (започнат претходната година) во Queens Bed Chamber, кој водел до 420 m долгиот Milky Way канал од каде бил достигнат Waterloo каналот во системот Миговец.

Пештерите се наоѓаат на пл. Толмински Миговец, Јулиски Алпи, околу 7 км северно од Толмин, во северозападниот дел на Словенија. Истражувањата на Толмински Миговец се вршат од 1970-те, а англиските спелеолози се вклучуваат во 1994 г.

Повеќе информации можете да добиете на веб страните на JSPDT и ICCC.

Tagged , , , . Bookmark the permalink.

Comments are closed.